ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2020 за вработување на неопределено работно време за 2 (две) лица даватели на услуги
НУ Конзерваторски центар – Скопје објавува оглас за вработување на 2 (две) лица даватели на услуги на следните работни места:
- КУЛ 03 04 Д03 003 Стручен работник за градителско наследство – конзерватор, Одделение за градителско наследство, Сектор за конзервација и ревитализација ………………………………1 извршител
- КУЛ 03 04 Д03 003 Стручен работник за статика – конзерватор,
Одделение за градителско наследство, Сектор за конзервација и ревитализација ………………………………1 извршител
Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите (1 и 2) се:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно дa го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работното место под бр.1 – За нивото Д03 – да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС – архитектура, урбанизам и планирање; со работно искуство до една година
Посебни услови за работното место под бр.2 – За нивото Д03 – да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС – градежништво и водостопанство; со работно искуство до една година.
Распоред на работно време за работното место бр.1 и бр.2:
– Работни денови понеделник – петок, 40 работни часови неделно , работно време од 08:30 до 16:30
Паричен бруто износ на плата за работните места под реден број 1 и бр.2 изнесува 43,356,00 денари, односно нето износ од 28.917,00 денари.
види ОГЛАС
Симни Пријавата за вработување