Црква ” Вознесение Христово ” — Свети Спас село Кожле
Заштита на културното наследство
Црква ” Вознесение Христово ” — Свети Спас село Кожле, катлановско ,Општина Петровец. Стручен тим од Конзерваторски центар Скопје во склоп на теренските работни активности направи посета на евидентираното културно наследство црквата ” Свети Спас ” која датира од првата половина на 19 век.
Заштитата на културните добра се секогаш приоритет и токму таа беше целта за нашата посета на евидентираното културно наследство, црквата
” Вознесение Христово ” , да се направи увид во состојбата на архитектурата, фреско-живописот, иконостасот и евидентираните икони .