Увид во состојбата на црквата “Свети Спас”, село Кучевиште, скопско
Падините на Скопска Црна Гора изобилуваат со сакрални градби и гробни цркви од 14 век кои во својата градба ги содржат византиските елементи кои се тогашен тренд на градење во регионот.
Црквата Свети Спас е изградена во првата половина на 14 век во форма на впишан крст кој во централниот дел содржи купола потпрена на 4 столба, додека остатокот е покриен со сводови. На западниот дел подоцна е изграден нартексот кој е специфичен поради својата двокатност кој се претвора во капела – ” Свети Никола ” која за време на турското владење служела за тајни литургии.
До катот воделе скриени внатрешни скали кои повеќе не постојат , а наместо нив се изведени надворешни скали и трем од дрвена конструкција покриен со керамиди. Една од причините за направениот увид е деградацијата на дрвената консттукција на тремот за која е потребна реконструкција и санација која ќе стои во извештајот од направениот увид и насоки за постапување.