ТЕРЕНСКИ УВИД НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА МАТКА
Теренските увиди на сакралните профани градби се дел од програмските активности на НУ Конзерваторски центар – Скопје.
Во склоп на тие активности направен е увид во состојбата на црквата Успение на Пресвета Богородица – Матка . При увидот констатирани се видни оштетувања на фасадата на горниот и страничните делови од влезот во црквата. НУ Конзерваторски центар – Скопје за таа цел ќе изработи конзерваторско-реставраторски проект во делот на фреско живописот се во интерес на заштитата на културното наследство.