Теренски увид во состојбата на заштитеното културно добро ” Сули ан ” во Скопје
Теренски увид во состојбата на заштитеното културно добро ” Сули ан ” во Скопје. Стеблестата флора која ги запоседнуваат дворните места и покривните конструкци се едни од причинителите во деградацијата и појавување на влага кај спомениците на културата
Заедно со директорот на факултетот за ликовни уметности при УКИМ , Беди Ибрахим и директорката на Албанскиот театар за деца и млади, Дијана Тоска направивме целосен увид кај двата објекта, каде што констатиравме дека покрај стеблестата флора додатен причинител за појава на влага е и хидро изолацијата По доставено Барање до ЈП Паркови и зеленила за Одобрение за сеча од нивна страна и Известување до нас , ние како установа ќе назначиме лице за Конзерваторски надзор кое ќе биде присутно при изведбените работи.