Студенти од Градежниот факултет од Скопје во посета на Скопскиот Аквадукт
Студенти од Градежниот факултет од Скопје со Проф.Д-р Јован Папиќ, член на Стручниот тим кои го изработија Градежниот проект – Фундирање, беа во посета на Скопскиот Аквадукт.
Проф. Д-р Јован Папиќ, на своите студенти им ја презентираше методологијата на вградување на микроколовите со практична примена . Начинот, постапката и примената на оваа методологија која ја изучуваат студентите, ја презентираше раководителот одговорен за реализација на поставување на микроколовите, како и Андреа Таневски – градежен надзор назначен од установата. Посетата на студентите временски се поклопи со увидот во степенот на реализација , кој го направивме заедно со Цветанка Хаџи Пецова, диа советник конзерватор – Конзерваторски надзор и градежниот надзор Андреа Таневски. Константно сме присутни на Аквадуктот со единствена цел , навремено и квалитетно изведување на работите наведени во Техничкиот опис.