Реализација на конзерваторскиот проект на архитектурата во црквата Свети Спас во Скопје
Со вовед во работата од страна на Мирка Илоска , диа конзерватор советник – раководител на реализација на проектот , започнаа конзерваторските работи на заштитеното културно добро во опасност, црквата Свети Спас во Скопје – фаза архитектура. Влагата која предизвикуваше оштетување на архитектурата , опаѓање на малтерот но и сериозна опасност по фрескоживописот во црквата ќе се анулира преку приспособено прибирање на атмосферските води во одливен канал со абсорција на истите со поширок решекаст отвор . Воедно ќе се направат и дополнителни изведбени работи согласно проектот.