Посета на црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје
Посета на црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје од страна на Директорите за политичко-безбедносни прашања на министерствата за надворешни работи на НАТО , како и високи преставници на Европската Унија.
Почитуваните гости ја посетија “Поставката за Гоце Делчев” при што беа запознаени за неговата улога во борбата за создавање на независна и самостојна држава.
Воедно беше посетена и црквата “Свети Спас” со запознавање на гостите за нејзиниот историјат и непроценливите знаменитости кои се заштитено културно наследство, изработени од рацете на нашите прочуени мајстори – Иконостасот од Макарие Фрчковски и браќата Петре и Марко Филиповски, иконите од Дичо зограф и фреско-живописот од Димитрие А.Папрадишки.