Посета на претседателот на Сојузна Република Германија
Црковниот комплекс Свети Спас во Скопје беше посетен од страна на претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е. г. Франк-Валтер Штајнмаер кој заедно со претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски положија венци од свежо цвеќе пред гробот на Великанот на македонската борба за самостојност, Гоце Делчев. Посетена беше и црквата Свети Спас при што беше презентирано нашето културно наследство, велелепниот Иконостас изработен од мијачките мајстори Макарие Фрчковски и браќата Петре и Марко Филиповски и бесценетите престолни икони, дело на Дичо Зограв.