Континуитет на институционалната соработка со НУ Завод Музеј Струмица
На покана на Директорот на НУ Завод Музеј Струмица Ацо Манински, направив посета на манастирската црква Свети Леонтиј во село Водоча и манастирската црква Богородица Милостива ( Елеуса ) во село Вељуса каде што се во тек конзерваторско-реставраторски изведбени работи.Заштитата на културното наследство се приоритетни цели и во таа насока со Директорот Ацо Манински разменивме мислења и работни искуства околу постапките и начините за подобрување во квалитетот на работењето во нашите установи.