Истражувачки работи на ѕидното сликарство во црквата “Успение на Пресвета Богородица”, Матка, скопско
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар Скопје , започна со конзерваторските истражувачки работи на ѕидното сликарство во црквата ” Успение на Пресвета Богородица “
с.Матка , скопско со земање на примероци од малтерот и сондажни истражувања на фрескоживописот , процес кој ќе овозможи за изработка на конзерваторско-реставраторски проект.
Црквата е изградена кон средината на 14 век и живописана, но по воспоставување на турска власт во Македонија , настрадал покривот и фрескоживописот. Кон крајот на 15 век саниран е покривот со доградена припрата и повторно е живописана.