ИЗВЕСТУВАЊЕ по повод 18-ти Maj, Меѓународниот ден на музеите
По повод 18-ти Maj, Меѓународниот ден на музеите, Ве информираме дека на овој ден (18.05.2023 г.) вратите на нашата установа се отворени за посетители потполно бесплатно, со цел подигнување на степенот на информираноста и нивото на јавната свест за значењето и заштитата на културното наследство. Посетителите можат да го видат иконостасот во црквата св.Спас и спомен собата на Гоце Делчев.
Земајќи го во предвид образовно – едукативниот карактер на денот, напоменуваме дека ке бидат опфатени сите возрасни групи со особен акцент на лицата – посетители од средношколската возраст.