Заштита на културното наследство “Аквадукт” во Скопје
Посета на Аквадуктот во Скопје со увид во степенот реализацијата на проектот кој е во завршна прва фаза , а набргу започнува втората фаза. На мое огромно задоволство се сретнав со Тони Манџуковски – Манџук, со кого се запознав на Аквадуктот кога како установа бевме во фаза на изработка на проектот. Задоволство беше огромно, како што кажа – Многумина ветуваа но повеќе од 15- тина година никој ништо не направи а ти сето ова го направи за неполни 4 години, од изработка на проекти до завршна прва фаза на реализација. Да, реков но сето ова е и заслуга на Стручниот тим од установата и вклучените надворешни соработници кои максимално го дадоа својот придонес и секако со безрезервната подршка од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија која го финансира проектот.