Заштита на културното наследство ” АКВАДУКТ ” во Скопје
Во присуство на Раководителот за реализација на проектот ” Аквадукт ” во Скопје , археолошки , конзерваторски и градежен надзор , започнаа конзерваторско-реставраторските работи на Аквадуктот , согласно предвидената динамика на интервенции предвидени во првата фаза, дренирање на теренот и прифаќање на атмосферските и инфилтрираните подземни води со машински ископ до проектираната длабочина за одведување на истите вон границите на критичните зони и спојување на дренажна цевка со реката Серава.
НУ Конзерваторски центар Скопје со почетокот на реализација на проектот ” Аквадукт ” дава значаен придонес во заштитата на нашетото но и европското културно наследство , особено денес кога отпочнаа ” Европските денови на културното наследство 2021 “