Годишен план за спречување на корупцијата за 2021 и 2022 година
Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, во функција на продолжување на борбата против корупцијата и судирот на интереси, го изработи овој програмски документ во кој се апострофирани значајни компоненти, кои треба да се спроведат во тековната 2021 година и наредната 2022 година.
Програмскиот документ ги утврдува приоритетните цели како и мерките и активностите што НУ Конзерваторски центар – Скопје треба да ги преземе за нивна реализација и креирање на соодветни политики кои треба да дадат резултати при постигнување на целите на оваа програма.