Библиотечна ризница ” Конзерваторско реставраторски методи и третмани на охридската збирка икони ” од Ангелина Поповска
НУ Конзерваторски центар – Скопје води грижа за збогатување на библиотечниот фонд со цел да вработените во установата дополнително го надградат своето знаење во недостаток на научни семинари , работилници и останати облици на усовршување во делот на заштита на движното и недвижното културно наследство.
Библиотечната фонд е збогатен со научниот труд на Ангелина Поповска ” Конзерваторско реставраторски методи и третмани на охридската збирка икони ”
Во својот научен труд Ангелина Поповска – советник конзерватор во Националниот конзерваторски центар , темелно ги обработува своите конзерваторски истражувања , методи, третмани и конзерваторските материјали во примената на конзерваторските практики водејки се од конзерваторските принципи како појдовна основа во конзерваторско реставраторскиот третман на иконите. Овој научен труд од авторката Ангелина Поповска е значаен придонес во заштитата на движното културно наследство ,како за сегашните така и за идните генерации конзерватори и реставратори на икони.